Ким Кардашиан и Кајне Вест почнале да работат на нивниот предбрачен договор кој вклучува некои необични желби на кои инсинстира Кајне.
Познатиот пар, кој од неодамна се верија, во предбрачниот договор ќе ги вклучува сите стандардни елементи како клаузула за неверство, клаузула за дрога, но во документот е внесена и клаузула за пластична операција и ставка за Крис Џенер. Британскиот магазин Heat пишува како Кајне сака да вклучи клаузула за свекрвата за да се намали влијанието на мајката на Ким на нејзината кариера.
„Кајне додаде и клаузула за свекрвата, што значи дека Крис нема да биде во можност да учествува во одлуките кои се однесуваат на нив како двојка. Дури и на работните одлуки.“
Кајне, исто така, ѝ забранил на Ким да оди на пластична операција затоа што неговата мајка Донда почина како последица на липосукција.
Ким предходно се има договорено со својот хирург да изврши операција на носот и липосукција на нејзините бедра и стомак, пред нивната венчавка следната година.
Наводно, планирала операција во март, кога Кајне ќе работи во Париз. Се надевала дека ќе опорави за тоа време, додека не се врати Кајне во Лос Анџелес за да не дознае за тоа. Тој многу се налутил и рекол дека венчањето ќе биде откажано ако таа отиде на операција.