Гевин Роздејл, сопругот на пејачката Гвен Стефани откри дека за последната бременост на пејачката дознал на прилично шокантен начин.
„Бев на турнеја кога добив е-мејл од Гвен во кој со големи букви напишала „ВИДИ ШТО МИ НАПРАВИ“. Во моментот ми скокна притисокот, но кога го отворив е-мејлот видов слика од тестот за бременост“.
Гевин, исто така, споделил со обожавателите кога го зачнал своето трето бебе: „Не сум често дома поради турнеите но бев дома за Денот на таткото, па овој празник за нас сега има ново значење“.
Гвен и Гевин станаа родители по трет пат на малиот Аполо Флин Боуви, а двојката веќе ги има синовите Кингстон Џејмс Мекгрегор и Зума Нестор Рок.