Оваа прекрасна ботаничка градина, лоцирана во Пукет, Тајланд, е прекрасно место за живеење за оние кои ја обожаваат природата, зеленилото и чистиот воздух.
На само четириесетина минути од аеродромот на градот, се наоѓа волшебната плажа Ката, позната во долгиот песочен брег, тиркизната вода, но и големиот број луксузни одморалишта.
Сепак, еден од највпечатливите ресорти е хотелот со 5 ѕвезди „Аспасија“ чиј главен печат е ботаничката градина и необичниот ретро-деко дизајн на уредување, со елементи инспирирани од архитектурата на древните Маи.
Убавината на бројните цвеќиња кои висат од балконите, зелената градина на врвот и околните палми, создаваат визија дека се наоѓате во некој друг, поубав свет.
Би било прекрасно кога зградите кои секојдневно се градат и кај нас би изгледале вака.