Џејк Гиленхал не можел да се подготви за оваа средба- како реагирал?
Актерот Џејк Гиленхал воодушеви многу дами на овогодинешното доделување на Златните глобуси. Убавецот, чие име се најде на листата на номинирани за најдобар драмски актер, шармираше со својот мажествен изглед- односно со брадата за која полуделе припадничките на понежниот пол.
Славните и познатите, исто како и нас обичните смртници, знаат како е тешко понекогаш да се избегнат поранешниот/та на социјалните настани. Џејк во иста вечер успеа да налета на дури две свои поранешни девојки.
Актерот и пејачката Тејлор Свифт беа заедно пред неколку години, но нивната средба помина безболно.
Се поздравиле, таа го запознала со своите пријателки и секој продолжил по својот пат.
Подоцна истата таа вечер, Џејк ја сретнал и Рис Витерспун со која пријателки се прегрнал и мафнал на нејзиниот сопруг Џим Тот. Не можел подобро да направи!
Брадестиот убавец на доделувањето на Златните глобуси дошол во придружба на својата сестра Ејџи Гиленхал.