Новинарката постави погрешно прашање, а камерата забележа непријатен момент.
Дакота Џонсон на овогодинешното доделувње на Оскарите како придружба ja донесе својата мајка и славна актерка Мелани Грифит.
Мајката и ќерката беа сопрени од новинарката Лара Спресер која најмногу ја интересираше дали Мелани ќе го гледа филмот „Педесет нијанси на сиво“ во кој нејзината ќерка Дакота ја толкува главната улога.
Интервјуто за кратко стана многу непријатно со оглед на тоа што Мелани јасно даде до знаење дека не планира да го гледа филмот поради спорните сцени. Одговорот очигледно многу и засмета на нејзината ќерка.
„Не, мислам дека не сакам да го гледам филмот. Би било чудно“, одговори славната мајка, на што Дакота и се спритивстави комплетно разочарана.
Погледнете во видеото.