Непрепознатлива: Некогашната порно дива денес изгледа вака

Пензионираната порно ѕвезда Азија Карера повторно стигна до врвот на интересирање.

Таа неодамна беше упасена поради возење во пијана состојба. Но, она што успеа да ги шокира нејзините фанови е нејзиниот изглед, надвор од рамките на порно индустријата.

Азија Карера, била уапсена во Јута, бидејќи сосема пијана управувала со автомобил во кој се наоѓала и нејзината 10 годишна ќерка Каталина.

Минувачите пријавиле дека некоја жена лежи онесвестена на клупа во близина на едно училиште во Сент Џорџ, а полицијата ја зетекнала во сосотјба на полусвесност. Таа  признала дека ја довела ќерката до училиште во таква состојба.

583056_asiacarrera-foto-washington-county-sheriffs-office_ff

Карера, според полицискиот извештај, се „надувала“ повеќе од дозволената граница, а за време на тестот кој опфаќал и одење по права линија, таа паднала два пати.

Уапсена е поради возење во пијана состојба и загрозување на безбедноста на детето.

Според полициските фотографии нема ниту трага, ниту глас од тоа што некогаш таа беше, секс бомба.

Вистинското име на актерката Азија Карера е Џенет Андреа Стајнхаузер. Таа има 41 година.

583055_asiacarrerafoto-wikipedia_ff

Под името Карера стана првата порно ѕвезда со азиско потекло која го освои „порно Оскарот“ АВН наградата за актерка на годината. Со порнографија се занимавала од 1993-та до 2003-та година, снимила повеќе од 400 филмови и заведена е во АВН куќата на славните.

Таа е родена во Њујорк од татко Јапонец, мајка Германка и е најстара од четири деца.

Детството го помината во Литл Силвер, држава во Њу Џерси. Како дете учела клавир и настапила два пати во Карнеги хол пред да наполни 15 години. На 17 побегнала од дома затоа што нејзините родители и вршеле голем притисок. Член е на Менса.

583060_azija-foto-twitter_ff

За време на раните 90-ти години настапувала како гого танчарка по клубови. потоа се сликала за еден порно магазин, снимила демо порно филм во 1993-та година. Потоа се преселила во Калифорнија, за да стане порно актерка, а во 2003-та се повлече од работата.

Пишувала сценарија, продуцирала и ги режирала филмовите во кои таа играла. Исто така била задолжена и за шминка и фризура на останатите актери во филмовите. Во една прилика изјавила дека уметничкот име го превземала од актерката Тиџи Карера.

Screenshot_3

Во 1996-та година се омажила за Бад Лиј, режисер на порно филмови. Се развеле во 2003-та година, но останале добри пријатели. Набрзо по разводот се омажила, но за нутриционистот Дом Лемон, кој во 2006-та година почина во сообраќајна несреќа во Лас Вегас. Со него во 2005 година ја доби ќерката Каталина и синот Доналд Едвард Трето, кој се родил два месеци по неговата смрт.

- Реклама -