Џена Џејмисон влезе во куќата на британската верзија на „Големиот брат“.
Некогаш беше најзгодната русокоса на планетата, која ја обожаваа мажите ширум светот, најмногу поради нејзините улоги во филмовите за возрасни, а сега е целосно трансформирана.
Поточно, Џена се согласи за голема сума пари да влезе во реалното шоу, но она што гледачите прво го забележаа е дека е видно здебелена, и дека килограмите се обидува да ги сокрие со долг црн фустан.
Пластичните операции кои ги има направено на лицето не ѝ дадоа „плод“, и нејзиното лице изгледа сосема поинаку, отечено и деформирано.
Џена многу ги разочара фановите низ целиот свет, кои со нетрпение го чекаа нејзиното влегување, бидејќи таа е позната како личност која сака да провоцира, да прави скандали и нема „влакна на јазикот“.