Кога би ја сретнале Кристина Хендрикс на улица, ненашминкана и без средена фризура, тешко дека би ја препознале. Ѕвездата од познатата серија „Mad Men“ беше фотографирана во прилично „опуштено“ издание, додека заминувала на снимање на седмата сезона од овој телевизиски хит.
Но, една од најубавите жени во Холивуд ништо не ја издаваше дека е навистина таа. Всушност, ниту трага ни глас од сексипилната Хендрикс.
Веројатно ова ќе се едни од фотографиите кои таа најмногу ќе ги мрази во текот на својата кариера, а за тоа колкава е разликата меѓу Кристина кога е подготвена од своите стилисти, и од онаа „природната“, сведочи и фотографијата на наредната страница.