Познатиот пејач веќе со години се бори со зависноста, неколку пати неуспешно беше на рехабилитација, а се чини дека и најпоследниот обид не бил успешен.
Се чини дека уште едниот обид за одвикнување од дрога и алкохол е очаен. Џорџ Мајкл ја напушти клиниката во Швајцарија, во која престој од еден месец чини речиси 190.000 фунти, и без оглед на високиот третман кој го имаше таму, не успеа да ги реши своите проблеми.
Сопругата на неговиот добар пријател Андрос, изјави дека семејството и пријателите се плашат за неговиот живот.
Џорџ има пушено крек и знаел толку многу да се издрогира што паднал на подот, се тресел и повраќал. Оние кои Џорџ го познаваат тврдат дека можел да запали по 25 „џоинти“ на ден.
Неодамна го прослави својот 52-ри роденден на кој, како што велат присутните, буквално „локал“ алкохол. Ни пријателите ниту семејството повеќе не знаат на кој начин да му помогнат бидејќи својот живот го доведува во сериозна опасност.