Лесни за подготвување и слатки за јадење.
Состојки:
За мафините:100 г. путер, 250 г. пире од костен, 2 јајца, 75 г. шеќер во прав, 125 г. брашно, 2 лажички прашок за пециво
За кремот: 250 г. пире од костен, 2 лажици млеко, 100 г. шеќер во прав, една ќесичка ванилин шеќер, 2 лажички рум, 500 мл. слатка павлака, 12 коцки чоколадо
Подготовка: Стопете го путерот, тргнете го од оган и додадете го пирето од костени. Смесата сматете ја со миксер. Потоа додадете ги јајцата и шеќерот за да добиете изедначена смеса. Додадете го брашното заедно со прашокот за пециво, добро измешајте и со оваа смеса полнете ги калапите за мафини, но до половина. Потоа ставете коцка чоколадо и дополнете ги калапите до крај. Печете 20 минути на 180 степени.
За кремот измешајте го пирето од костен со млекото и испасирајте го. Во друг сад спојте ги шеќерот, ванилиниот шеќер и румот. Сматете ја павлаката да стане цврста и спојте ја со пирето од костен и останатата мешавина. Смесата ставете ја во шприц за колачи и филувајте ги изладените мафини.