Метрото во Стокхолм се смета за едно од најубавите во Европа. Целиот подземен систем е исполнет со светли и силни бои и неповторлива уметност која го одзема здивот. Речиси секоја станица претставува своевидна галерија во која се презентирани делата на разни уметници.
Метрото има вкупно 100 станици од кои 47 се подземни. Изградбата на системот започнала во 1947-та година а последната станица била отворена во 1994-та година. Некои од подземните ентериери беа оставени во нивниот природен камен изглед, некои беа украсени со разнобојни плочки, додека во некои беа вградени и римски статуи. Доколку некогаш некој од вас ги видел во живо како изгледаат овие станици, споделете со нас какво било искуството. За останатите, разгледајте ја галеријата подолу.