Иако уште во октомври по интернет страниците започнаа да кружат фотографии на кои можевме да го видиме Бред Пит во раста издание, конечно излезе и едиторијалот во кој можеме да ја разгледаме целата галерија. Имено, сексипилниот 48-годишен актер позираше за априлското издание на магазинот „Interview“. Пит се трансформираше во неколку различни ликови за потребите на фотосесијата, а генијалните визуелни и естетски вештини на фотографот Стивен Клијан и стилистката Лудвин Поибланк се повеќе од очигледни.