Koлку е нашиот ДНК моќен, покажува најновото научно истражување, според кое за нашите романтични успеси и неуспеси се заслужни гените.
Дали ќе имате среќа во љубовниот живот или не, зависи од вашите родители! Едноставно, потенцијалот за среќа во емоционалните односи е запишан во гените.
Заедничката студија на Универзитетите Беркли и Нортверсен открива дека некои луѓе се генетски предодредени да бидат среќни во врските и бракот, додека други не се. Сето зависи од тоа каква е нашата ДНК. Според резултатите, луѓето кои имаат краток ген по името 5-HTTLPR, се значително несреќни во долгите врски или бракот, за разлика оние кај кои што овој ген има нормална должина.
– Мажите и жените со два кратки 5-HTTLPR гена можат да бидат среќни во љубовните односи, но само ако емоционалната клима во бракот е поволна. Значи, ако се оди како што треба нив им е добро. Меѓутоа, штом се јават првите проблеми, тие стануваат многу несреќни, објаснува авторката на истражувањето Клаудија Хасе и додава:
– За разлика од нив, луѓето кои имаат продолжени алели на овој ген имаат поголема толеранција кон негативните аспекти на заедничкиот живот и со самото тоа се помалку чувствителни на конфликтни ситуации и задоволни од односите во кои се наоѓаат, тврди Хасе.
Ова е првпат да се испитува врската меѓу генетските наследувања и среќата во љубовта и бракот. Научниците најавуваат нови истражувања со што би откриле повеќе детали, но напоменуваат дека луѓето не би требало сета вина да ја препуштаат на својата ДНК и да се преиспитаат себе си.