Пред повеќе од еден месец во штипската болница почина Маја П. од Свети Николе, неколку часа откако се породи со здраво машко бебе.
Според извештајот од Судска медицина, не е направена лекарска грешка, туку напротив, било преземено сè што е во моќта на лекарите за да биде спасена. Но и покрај се, Маја продолжила да крвари, поради тоа што матката не можела да се стегне по породувањето.
-Нема пропусти, проверени се сите медицински записи а лекарите посптапувале како што треба. Имала крварење, тоа е компликација кога и покрај се не можело да се помогне – изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Официјалниот извештај од Судска медицина ќе биде доставен до семејството на покојната светиниколчанка.