Зули Сангвино (24) од Колумбија, е родена без раце и нозе. Сепак, големата љубов кон уметноста, и неверојатниот талент, ја поттикнале оваа млада девојка да научи да слика со помош на нејзината уста.
Зули имала трауматично детство, делумно заради сопствениот хендикеп, и делумно заради самоубиството на нејзиниот татко. Започнала да се занимава со сликање како еден вид на терапија, и за кратко време сфатила дека на овој начин може најдобро да се изрази себеси.
Иако докторите и прогнозирале дека целиот живот ќе го мине лежејќи, сепак, таа се вози со инвалидска количка и го набљудува прекрасниот свет околу себе, по што потоа го пренесува и на платното.