Нема да ви се верува дека ова се боите на ентериерот на семејството Адамсови

Со оглед на тоа што оригиналната серија беше снимена во црно-бела техника, сосема нормално е дека сите со години претпоставувавме дека дневната соба на семејството Адамсови била преполна со темни бои и необични и мрачни детали.

Една од најпрепознатливите декорации на славниот ентериер на дневната соба беа препарираните животни, така што судејќи по нив, и по самата тематика на серијата, беше сосема очекувано во истиот стил да бидат и останатите предмети, како и теписоните и ѕидовите.

1452681442528cc812ea293347402127_v4_big

Меѓутоа, за изненадување на љубителите на познатото телевизиско шоу, собата во која била снимана „Адамсови“ била се освен депресивна. Впрочем, најмногу се истакнува розевата и жолтата боја.

Оваа фотографија ја објави веб-страната „Cult of weird“, а автор на истата е Ричард Фиш.

- Реклама -