Дали некогаш сте биле толку лудо заљубени што сте биле отсутни, без концентрација и понекогаш смешни? Научниците објаснуваат зошто се однесувате така.
1. Сигурно ја знаете онаа фраза дека љубовта ве прави по малку глупи. Сепак, не се работи за тоа дека губиме памет, туку поради заљубеноста не сте фокусирани на се останато што го правите во моментот.
„Кога се заљубуваме, тешко ни е да се концентрираме на други обврски затоа што поголемиот дек од времето размислуваме за личноста која влегла во нашиот живот“, објаснува др. Хенк ван Стенберг од холандскиот универзитет Леиден.
2. Љубовта не прави повеќе позитивни и посреќни. Да, научниците покажаа дека на MRI снимките се видливи делови од мозокот кои реагираат исто како на пример, како зависниците на кокаин и се чуствуваат одлично.
„Заљубеноста носи чуство на еуфорија, како да сме на врвот на светот и не постојат несовладливи препреки“, објаснува Луси Браун професор по неврологија на Њујорк медицинскиот факултет Алберт Ајнштајн.
3. Уште едно откритие е дека нас заљубеноста не прави отпорни на болка. Истражувањето на универзитетот Стенфорд покажало дека поради тоа убаво чуство во мозокот вклучува области во мозокот кои нормално е стимулирано со лекови против болка. Дури и држењето на раката на љубениот може да ја ублажни болката.
4. Ни големиот мачо не можат да ја избегнат последицата на заљубувањето, а едно од нив е бавното одење. истражувањата покажуваат дека мажите го успоруваат чекорот за да бидат побликску до својата партнерка и го прилагодуваат темпото на одење.
5. Една од најромантичните дознавања сигурно е ова: заљубените парови се чустуваат толку многу еден со друг што срцата почнуваат да им чукаат во ист ритам.