„Жал ми е мамо и тато, но мене ова ми се допаѓа“, напишала Кели Озборн на својот Твитер профил откако на главата го истетовирала зборот „Stories“ (приказни).
Пред ќерката на пејачот Ози Озборн се одлучи на овој необичен потег, ја избричи левата страна од главата и ја обои косата во виолетова нијанса.
Потоа на својот Твитер прифил напишала: „Упс, што направив јас?“, а следната објава била извинување на своите родители за своето „злодело“.
Што ја натерало 30 годишната Кели да го истетовира зборот „Stories“ на тоа место од телото, се уште не е познато. Секако го привлече вниманието, особено на своите родители.