Неколку трикови со чија помош ќе направите совршени палачинки

Иако нивната подготовка изгледа многу едноставно, сепак постојат неколку трикови кои ќе ви овозможат да ги направите најдобрите палачинки кои некогаш сте ги вкусиле…

Во смесата за палачинки, додадете половина лажичка сода бикарбона. Сода бикарбоната ќе реагира со киселината во млекото и ќе се создадат воздушни меурчиња поради кои палачинките ќе бидат меки и „пуфкасти“.

Наместо обично млеко, користете матеница. Матеницата е млечен производ кои се добива при производството на путер, има многу карактеристичен вкус и мирис, а можете да ја направите со цедење на сок од лимон или пак додавање оцет во млеко по што состојките добро се мешаат и мешавината се остава 5-10 минути на собна температура. Млекото ќе почне полека да згуснува и ќе се направат мали грутки, што значи дека матеницата е подготвена за употреба. Матеницата им дава на палачинките пикантен вкус кој одлично ќе се сложува со благи преливи.

1-chokoladna-torta-od-palachinki-www.kafepauza.mk_

Избегнувајте долго и силно матење на смесата бидејќи палачинките ќе ви испаднат како направени од гума.

Доколку пред печењето на секоја палачинка ја мачкате тавата со малку путер, палачинките ќе добијат крцкава коричка. Не ја вртете палачинката на другата страна додека едната целосно не се испече. Кога на површината ќе се појават меурчиња што напукнуваат, тоа е знак дека палачинката е подготвена за вртење.

- Реклама -