Кој е последниот филм што ви е инспирација како мода?
Ние на оваа тема ја предлагаме серијата „Good Wife“.
Дизајнерот на серијата „Добрата сопруга” Даниел Лоусон смета дека светлите бои се тешки. Неонските тонови, светло белата, црвената, портокаловата и сината може да експлодираат пред објективот. Ансамблот само во црно често изгледа како голема дамка, без никаква дефиниција. Големите, широки ракави не стојат добро, висат како вреќа.
Кој е тогаш вистинскиот избор?
Тој своите визии одлично ги реализира во гореспоменатата серија.
Освен како моден избор, срдечно ви ја порачуваме и како избор на тв шоу/крими, драма.
Случувањата се вртат во една адвокатска канцеларија, заедно со драматични моменти од приватниот живот на главните актери. Дајте и шанса во првите 10 епизоди, додека поубаво ги запознаете ликовите, потоа ќе ги обожавате. Што се однесува до правните случаи тие се комплексни, интересни и задолжително ќе ви го задржат вниманието. Во серијата совршено може да се согледаат недостатоците на американското судство.
Во продолжение уживајте во модниот избор инспириран од „Добрата сопруга“