Ако најдете девојка која сака да чита книги, не ја испуштајте од поглед, советуваат експертите кои открија кои се главните придобивки од врска со ваква личност.
На прво место таа е забавна бидејќи книгите ја збогатуваат толку многу што сигурно нема да ви биде досадно, дури и да го поминете остатокот од животот со неа. Добрата страна на читањето е дека со него можете да го обиколите светот и да запознаете безброј обичаи и култури, дури и без да излезете од спалната соба.
Покрај тоа, ќе бидете горди на неа, зашто нема да ја фалат само затоа што е убава, туку и затоа што е многу паметна . За капак таквите жени не бараат „скапа поддршка”. Тие не се заинтересирани за луксузна облека или накит. За нив најпосакуваниот подарок за убавата книга. Таа нема да ви прави проблеми за пари, а ќе биде благодарна и за малкуто – материјално што и го пружате.
Друг квалитет што го поседуваат овие жени е дека се самостојни. Тие не сакаат да бидат залепени за партнерот цело време. Потребно им е време за себе и своите авантури кои ги доживуваат преку читањето. Затоа никогаш нема да ви направат проблем за вашето хоби. Едноставно таков е нејзиниот стил.
Таквите жени имаат став и умеат да го наметнат. Книгите даваат многу поучни приказни, со кои се наталожува животно искуство. За тоа таа гледа подлабоко и не се зафаќа за ситници. Таквите жени поседуваат уште една предност – знаат како да ви објаснат што чувствуваат . Немаат проблем со искажувањето на емоциите и се личности на која дефинитивно можете да им верувате. Освен тоа, квалитетната литература ја развива имагинација и ја збогатува фантазијата. Немојте да се изненадите ако слушнете од неа некоја чудна идеја за сексот вечерва, бидејќи девојките кои читаат дефинитивно имаат многу идеи.