Иако законот не го забранува директно сето порно со мали гради, комисијата има право да ги забранува сите филмови за возрасни, во кои има жени кои што изгледаат како малолетници, макар и да не се. Иако идејата звучи донекаде добро во теорија, групата активно забранува филмови единствено на база на големината на градите на актерките.
2. Кина: Гејмерски конзоли
Повеќето гејмерски конзоли се произведуваат во Кина. Затоа изгледа прилично чудно што во Кина не е дозволена продажба на гејмерски конзоли. Забраната стапи во сила во 2000 година, кога Владата изрази загриженост за младите во земјата, кои губат време во игри, наместо во потрага по работа. Сепак, гејмерите се уште можат да си купат неконзолни игри, што ја прави забраната неефикасна – најверојатно тоа е и причината да не биде активно наметната.
3. Грција: Видео игри
Бо 2002 година Грција се обиде да протурка закон против видео игрите . Под притисок од Европската унија и гејмерите, законот беше прогласен за неуставен на крајот на истата година.
4. Кина: Аватар во 2D
Иако армијата во „Аватар” (Avatar) е американска, идејата на луѓе кои се здружуваат со локалното население против империјалистичките сили не им се допаѓа на Кина. Затоа, малку по излегувањето на филмот во Кина, властите одлучија дека тој може да биде гледан само на 3D. Имено, во Кина има многу малку 3D кина, па сето ова се сфаќа како забрана за емитување.
Тие стигнаа до таму што дури го прогласија стилот за „закана за националната стабилност”, пред да им забранат на луѓето да се облекуваат со емо облека во училиштата и владините згради.
6. Кина: Реинкарнација без дозвола
Теоретски , идејата да му се забрани на човекот да се прероди, без да има добиено дозвола од државата е нешто што нема како да се контролира. Во реалноста, сепак, мерката е нивниот начин да се обидат да ги контролираат тибетските будисти (вклучувајќи го самиот Далај Лама) како ограничување на едно од најпознатите свети верувања.
7. Иран: „ Западни“ фризури
Исто како и повеќето земји од Блискиот Исток, Иран го мрази ширењето на западната култура. За да го заштити својот народ од Европа и Северна Америка, Владата на Иран ги забранува сите фризури кои не се вклучени во нивната листа.
8. Саудиска Арабија: Валентин
На ист начин, Саудиска Арабија, смета дека празникот на вљубените е во спротивност со верувањата на муслиманите. За да се увери дека луѓето не си подаруваат тајно подароци, Владата ги контролира сите цвеќарници и продавници за подароци, па секој кој ќе си замине со црвено се смета за издајник. Излегува дека оваа забрана не е особено ефективна и во земјата цвета црниот пазар за подароци каде љубовниците можат да купат рози и други производи по шесткратно надуени цени.
10. Данска: Повеќето бебешки имиња
Данска има едни од најстрогите правила за крштевки на деца во светот. Всушност, жителите на земјата можат да изберат имиња за децата единствено ако се претходно одобрени од владата, или пак, треба да бараат специјална дозвола, доколку сакаат друго име. Имено, официјално се одобрени околу 24 000 имиња.
11. Кино: Јасмин
По „Јасмин револуцијата” во Тунис, кинеските демонстранти се инспирираат за сопствена револуција. Како резултат на тоа, властите го забрануваат цветот, песните за него, како и текстуалните пораки со зборот „јасмин” .