Помина точно десет години откако се емитуваше последната емотивна епизода од популарната серија „Сексот и градот“.
И додека многу обожаватели ги знаат сите епизоди а и некои сезони на памет, не ги знаат сите сочни детали од приватниот живот на главните протагонистки на серијата. Ако сте се запрашале како Кери, Шарлот, Саманта и Миранда изгледаат денес, погледнете подоле.
Сара Џесика Паркер
Сара Џесика Паркер ја играше колумнистката Кери, опседната со чевли, мода и мажи. Кери вечна инспирација за колумните наоѓа во своите, во главно, деструктивни врски со мажите. Сара Џесика е една од четирите чија кариера продолжи на големиот екран. Денес има 49 години.
Синтија Никсон
Синтија Никсон ја играше улогата на Миранда Хобс, независна и амбициозна адвокатка. Не се има појавено во многу филмови по серијата, но ја шокираше јавноста кога во 2010 година ја потврдила својата хомосексуална ориентација. Синтија денес има 48 години, друга боја на косата и за своите години изгледа добро.
Кристин Дејвис
Кристин Дејвис се прослави со улогата на Шарлот Јорк во популарната серија. Таа е најконтраверзна во ова друштво а воедно и најголем оптимист. Се има појавено во неколку филмови по серијата, вклучувајќи ја комедијата „Couples Retreat“ во 2009 година. Кристин денес има 49 години и е излекуван алкохоличар.
Ким Картал
Ким Картал е можеби најпозната по улогата во серијата „Сексот и градот“, но таа има богата актерска кариера. Таа ја играше „жедната“ за мажи Саманта Џонс, опседната со убавина и желбата што подолго да го задржи младешкиот изглед. Ким во август наполни 58 години, и се разбира годините оставиле трага на нејзиното лице.