Софија Хелвист е некогашен еротски модел и ТВ лице кое наскоро ќе седне на престолот во Шведска.
Таа ја планира својата венчавка со Карл Филип, трет по ред наследник на шведскиот престол.
Двојката се запознала во дискотека пред четири години, а сега со благослов од кралот Карл XVI Густав и кралицата Силвија, ќе го дадат своето ветување за заедништво.
Свадбата ќе се случи на 13 јуни, а низ медиумите постојат гласини дека не е соодветно прифатена од кралското семејство.
„Од првиот ден кралот ме прифати како своја ќерка и ми препорача да се чувствувам како во своја куќа“, изјави Софија во врска со овие гласини.
Нејзиниот сопруг ужива статус на „Плејбој“ фан и проблематичен маж, па оттука повеќето не се изненадени од неговиот избор.