Ако сте ја гледале популарната серија „Baywatch“, тогаш сигурно сте биле од оние кои имале дилема: која е позгодна- Памела или Јасмин?
Ако вашиот фаворит била згодната и преубава Јасмин Блит, приказната за неа и новите фотографии тешко ќе ги прифатите.
Јасмин Блинт (46) не е фотографирана во јавноста најмалку 10 години. Овие денови таа се појави на Венис плажата во Калифорнија, каде во средината на деведесетитте години во црвен костум за капење ги воодушевуваше сите кои ја гледаа. Овој пат тоа не се случи. Здебелена и запоставена, новиот имиџ на актерката сигурно се должи на бурниот живот кој го негувала со години.
Бидејќи во 2001 година е уапсена поради возење под силно влијание на кокаин, никој ја нема видено најмалку десет години. Од серијата „Baywatch“ добила отказ токму поради конзумација на дрога. Продуцентите објасниле дека било премногу тешко да се справат со нејзиниот порок.
Тогаш отишла во центар за рехабилитација „Ветувања“ каде го запознала сопругот Пол Серит. Двајцата во 2001 година се уапсени кога биле запрени во изнајмен крајслер на автопат. Признала пред полицијата дека е под дејство на кокаин и остатокот го крие во Луј Витон чантата.
Во широки панталони, со многу вишок килограми, овие денови се појавила да го поддржи својот сопруг кој учествувал во хуманитарен настан „Penguin Plunge“ (скокање во ледената вода на океанот).