На старите херои им се придружуваат и Макс фон Сидоу и Едни Серкис, како и Џон Бојег, Дејзи Ридли, Оскар Ајзек, Адам Драјвер, и Ентони Даниелс, Питер Мејх и Кени Бејкер, кои играа и во претходните епизоди, најавено е на веб-страната „Star Wars“.
Обожавателите на филмовите „Војна на Ѕвездите“ ќе имаат прилика и во новото, седмо продолжение од овој популарен филмски серијал, чие снимање почнува овој мај (утре), повторно да ги видат и Харисон Форд, Кери Фишер и Марк Хамил во улогите на легендарните Хан Соло, Принцезата Леа и Лук Скајвокер.
Иако продуцентите и режисерот Џеј Џеј Адамс ја објавија поставата за новиот филм, се уште не е познато кој каква улога ќе добие во седмото продолжение на популарната сага.
Потврдено е дека меѓу актерите повторно ќе биде C-3PO, Чубака и R2-D2.
Снимањето на филмот ќе почне во мај, недалеку од Лондон, а филмот се очекува во кината во декември 2015 година.
Режисерот Адамс изјавил дека е возбудливо и нереално да се видат старите херои и новите лица собрани сите заедно на едно место, за целите на оживувањето на познатиот свет. Абрамс работел на сценариото со Лоренс Касдан, а воедно е и еден од продуцентите.
Музиката повторно ќе ја компонира славниот Џон Вилијамс. Ова е прв филм од серијалот „Војна на ѕвездите“ зад кој стои компанијата Волт Дизни, која ги купи од компанијата на Џорџ Лукас „Lukas film” за околу 4 милијарди долари.
Обожавателите на „Војна на ѕвездите“ ќе го прослават и светскиот ден на овој серијал на 4-ти мај, а по тој повод за обожавателите ќе биде проследена „специјална порака од вселената“ од НАСА.