Лери Дејвид призна дека му е жал што не е четириесет години помлад.
Неодамна, во интервју за Vanity Fair славната убавица Џенифер Лоренс откри дека комичарот Лери Дејвид ги има сите квалитети која таа ги бара кај еден маж.
„Заљубена сум во него и тоа трае веќе долго време. Го сакам Вуди Ален, но тој не ме возбудува како Лери“, изјавила актерката.
Се разбира сите едвај го дочекаа коментарот на Лери за нејзината изјава, пишува Gossip Cop.
„Паметно дете. Штета што сум четириесет години постар од неа“, изјавил тој.
Но, тој додал дека не би можел да биде во врска со неа.
„Од една страна тоа многу ми ласка, но од друга страна се случи во лошо време“, додал 67-годишниот ерген, кој од 24-годишната Џенифер го дели 43-годишна разлика.