Неговото семејство плива во милиони, а тој јаде од контејнери и живее на улица

Неговото семејство има богатство во вреност од над 500 милиони долари, но тој спие на клупи во парковите и бара храна во ѓубрето.
Џес Бролин, посинок на Барбара Страјсенд своите денови ги минува скитајќи по улиците, во потрага по храна во контејнерите.

Џес Бролин, син на актерот Џејмс Бролин неодамна е виден како пребарува низ ѓубрето во Калифорнија.

Откога во 2011 година останал без својот стан за кој месечно плаќал 800 долари, овој четириесет годишен човек живее на улица и спие само неколку километри од семејниот дом, вреден неколку милиони долари.

Според списанието „Miror“, Бролин во 1995 година добил наследство од неколку стотици илјади долари кога неговата мајка, поранешната сопруга на актерот Џејмс Бролин, загинала во сообраќајна несреќа.

- Реклама -