Адам Левин, фронтменот на американскиот бенд „Maroon 5“ со бројот на манекенки со кои се забавувал опасно му се приближува на Леонардо ДиКаприо.
Рокерот се покажа фатален за долгоногите убавици од модните писти. Неодамна, откако ја прекина врската со преубавата Бехати Принслу, ангел на Victoria’s Secret, веднаш почна врска со уште една убавица, манекенката Нина Агдал (21) која позираше за „Sports Illustrated“.
Адам Левин и Бехати Принслу
Адам Левин и Нина Агдал
33-годишниот заводник две години беше во врска и со манекенката Ен Ви.
Тој не крие дека ги обожава жените, но и тие него.
„Можеби причината за мојата промискуитетност е тоа што навистина сакам жени“, искоментирал Левин во свој стил.
На листата на негови поранешни девојки се и моделот Ангела Белоте, актерките Ариел Ванденберг, Аманда Сетон, Џесика Симсон, Линдзи Лохан, Кирстен Данст, тенисерката Марија Шарапова и Парис Хилтон.