Во текот на оваа недела Скопје ќе го посетат канцеларите на Германија и Австрија, Меркел и Курц и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Премиерот Заев во ова препознава признание и силна поддршка од Европа за Македонија. Тој смета дека Македонија има ретка и историска можност за евроинтеграции и подобрување на односите со соседите, која не смее да се пропути.
Порака со поддршка за референдумот искажа и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини.