Почетокот на турнејата на Мајли Сајрус е пречекан со критики од родителите на нејзините обожаватели, но младата пејачка вели дека им нуди голема забава и уметност.
Мајли турнејата ја започна во Канада со прилично шокантен настап, со симулација на орален секс со маж облечен како Бил Клинтон. Таа ги отфрли тврдењата дека нејзината кореографија е „меко порно“ и вели дека работи напорно за да биде подобар човек.
– Планирам ова да биде одлична турнеја, на завидно ниво. Сакам да биде со висока квалитетна уметност. Возбудена сум што имам можност да допрам до луѓето кои инаку немаат прилика да уживаат во уметноста- изјавила Мајли.
Таа, исто така, рекла дека планира да покаже дека музиката не е само обична забава.
– Можеби луѓето не мислат на мене кога ќе споменат образование, но мислам дека ќе изненадам многумина. Знаете, веќе не сум дете. Мислам до сега дека сите тоа го сфатија.
Таа уште вели дека според нејзино мислење девојките денес се облекуваат премногу досадно и дека би требало малку повеќе да „експериментираат“, вклучувајќи ги незјините обожаватели.
А за време на својот концерт во Лос Анџелес, по повод истата турнеја наречена ‘Bangerz’, ја бакна Кејти Пери за што доби бројни критики. Дури некои од родителите и обожавателите започнале да ги препродаваат купените билети или да бараат враќање на парите.
Салите во кои би требало да настапува сега се заканиле дека ќе ги откажат концертите. Нејзиниот тим закажал итен состанок каде ќе дискутираат за нанесената штета, но и да ги ублажат следните концерти.
Ваквото однесување не ги решава проблемите, но полните сали можеби се доказ дека сепак луѓето ги сакаат изненадувањата кои Мајли редовно ги изведува.