Не се откажува од музичката кариера: Парис сними нов спот

Убавата богаташка објави спот за песната High Off My Love.

Парис Хилтон изгледа реши да паузира малку од скандалите и проблемите и се фрли на развој на својата музичка кариера.

Денс нумерата, во која гостува раперот Birdman, без сомнеж брзо влезе во ушите на сите, а спотот изобилува со секс сцени, згодни девојки и момци, како и занимлив избор на костимографија.

Инаку, Парис за себе вели дека е првенствено ди-џеј, а потоа пејачка, не споменувајќи ги лошата актерска и успешната порно кариера.

Пред осум години таа го издаде првиот музички албум, што го содржеше нејзиниот хит  Stars Are Blind.

- Реклама -