Убавата Софија Вергара неодамна ја остави вереникот Ник Лоеб, кој сега објаснил дека таа е ку**а и вистинска вештерка.
– Мажот кој сака да биде со неа мора да има нерви од челик. Наметлива е и арогантна, а животот со неа е вистински хорор- се пожалил Ник на пријателите по прекинот на веридбата.
Софија објавила преку социјалните медиуми за нивното раскинување на веридбата со Ник Лоеб, а сега се огласиле и пријателите на Ник кои ја нерекуваат – вештерка.
„Не сакам да кажам дека е ку**а, но среќен сум што повеќе нема да ја гледам“, рекол извор.
Пријателите на Ник ѝ замеруваат на нејзиното злобно однесување за време на нивните собири. Актерката, всушност, често пати во друштвото знаела да го игнорира разговорот и да ги проверува социјалните мрежи, а тоа на Ник и неговите пријатели многу им пречело. „Се приклучуваше на разговорот само ако таа е тема на дискусија“, открил изворот.
Двојката се вери во 2012 година, а уште во февруари актерката признала дека немаат никакви планови ни точен датум за венчавка.