Не сакам да изгледам како да имам 25 – имам 39 години!

Сите се обидуваат да изгледаат помладо, но очигледно дека таа е задоволна со својот изглед.

Поранешната пејачка не е само сопруга на познат фудбалер, а освен што е мајка на четири деца, горда е на нејзиниот моден бренд.

Модната дизајнерка Викторија Бекам постигна одличен успех со нејзината модна линија, а како вистински ворколохик таа работи и од дома.

article-2400137-1B6AC69A000005DC-227_634x886

За New York Style признала дека сака уште поголем успех. „Сакам да бидам уште поголема, сакам царство. Не гледаме на нашиот бренд како на нешто големо, но тој е тоа, сите сакаат успешен бренд“.

Иако многу жени сакаат да бидат засекогаш млади, Викторија е задоволна со својот изглед.

„Не сакам да изгледам како да имам 25 години. Имам 39 и немам никаков проблем со годините“, рекла поранешната спајсица.

Таа открила дека е задоволна и со стилот на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам. „Понекогаш ме прашува за совет, но има многу добар стил и знае што му стои. Тој секогаш изгледа супер“, рекла Викторија.

Своето слободно време го поминува со децата, а последната фотографија што ја објави на Твитер ја прикажува во необично и ретко издание – во патики на прошетка со ќеркичката Харпер Севн.

article-2400536-1B6AC8D7000005DC-494_634x844 article-2400536-1B6ACE7F000005DC-358_634x283

- Реклама -