Не сакал двојник: Сулејман поминал 6 часа во када со мраз

Халит Ергенц, ѕвездата од серијата „Сулејман Величенствениот“, знае многу добро дека актерската работа и не е така лесна како што сметаат повеќето. Имено, тој поминал полни шест часа во када полна со мраз снимајќи ја сцената во која во неа лежи султанот.

Според информациите објавени во турските медиуми, снимањето на оваа сцена била вистинска тортура. Продуцентската куќа за истата се подготвувала три седмици, разгледувајќи при тоа од кои агли ќе се снимат најдобри кадри и колку ладната вода може да влијае врз здравјето на главниот актер, кој инсистирал сам да ја одигра сцената, вез двојник, за да биде веродостојна.

465517_sulejman-01-foto-promo_f

Гледајќи го како се тресе во кадата, членовите од продукцијата и снимателската екипа му предложиле да направи кратка пауза, плашејќи се да не се разболи, меѓутоа, Халит одбил бидејќи не сакал да го прекинува текот на снимањето, но и својата концентрација.

На крајот на снимањето, двајцата режисери побарале на сетот да бидат донесени силни грејачи кои, наводно, му помогнале на актерот да се згрее барем малку.

465518_sulejman-02-foto-promo_ff

- Реклама -