Иако се чинеа како хармоничен пар, таа сепак не можела да помине преку некои работи.
Веќе некое време се шпекулира дека принцот Хари својата две-годишна врска со Кресида Боназ сака да ја круниса со брак. Но, се чини дека Хари нема толку среќа како неговиот брат Вилијам бидејќи неговата долгогодишна девојка- го напушти.
Раскинот се случил минатиот викенд, а 24-годишната Кресида принцот го оставила бидејќи не сака да биде дел од кралското семејство и својот живот сака да го живее далеку од очите на јавноста.
„Тие раскинаа. Хари сака да се смири како и неговиот брат, принцот Вилијам, но Кресида е сеуште млада и многу резервирана кон идејата за брак во кралското семејство.
Хари и понатаму се надева дека ќе го промени мислењето, но за сега нивната романса заврши“, рекол извор близок на младиот пар.
Кралицата јасно му ставила до знаење на Хари дека од него се очекува да се смири до 30-тата година, а ако Кресида не ја избра таа понуда, мора да пронајде некоја друга. Исто така, 29-годишниот Хари наводно смета дека Кресида сепак можеби има преслободен дух, што би можело да предизвика проблеми во потенцијалниот брак.
„До сега, тие уживаа во врската која можеа да ја држат далеку од јавноста, но со најавата за веридба сето тоа драстично ќе се промени“, додава изворот.