Очигледно не размислуваат баш сите во опкружувањето на принцот хари дека неговата девојка Кресида Бонас е вистинската за него.
Неколку луѓе кои се многу блиски со принцот Хари сметаат дека не треба да се ожени со својата дваесетгодишна девојка.
Станува збор за пријателите на Хари кои сметаат дека Кресида има премногу слободен дух и дека нема да може да се вклопи во кралското семејство.
Многумина дури ја споредуваат со Дијана, покојната мајка на Вилијам и Хари, која никогаш не успеа да се прилагоди на вештачките принципи.
Ова мислење предизвика изненадување во јавноста со оглед на тоа што Хари веќе неколку пати изјави дека Кресида е онаа правата и нагласи дека наскоро ќе има и веридба.