Познатиот пејач го кажа судбоносното „да“ на својата долгогодишна девојка.
Били Џоел и Алексис Родерик запловија во брачните води, и ги изненадија пријателите кои дошле на прослава на Денот на независноста.
Кристи Бинкли му го честита новиот брак на поранешниот сопруг- кажувајќи дека неговата сопруга ќе биде одлична пријателка на нивната ќерка, со оглед на тоа што се само неколку години разлика. Поранешниот супермодел напиша на својот Инстаграм: „Честитки до невестата која блеска и младоженецот. И до мојата ќерка Алекса, која може да најде одлична пријателка во Алексис! Им посакувам на младоженците големо семејство и секоја среќа!“. Двојката го очекува своето прво дете, кое ќе биде девојче.