…Имајќи го ова на ум, можете да заштедите пари за производите кои можеби планиравте да ги фрлите откако увидовте дека им истекол рокот. Експертите утврдиле дека и после ограничувањата на рокот за употреба, овие неколку намирници се се уште употребливи:
1. Кечап
Кечапот може да го задржи својот квалитет дури и шест месеци после истекувањето на рокот. Немојте да го јадете само деколку забележите необична текстура и мирис.
2. Кисели краставици и маслинки
Киселите краставици и маслинките можат да траат и до една година после отворањето . Чувајте ги во замрзнувач, без оглед на наведениот рок на траење.
3. Оцет
Оцетот може да трае речиси бесконечно, дури и откако ќе забележите некакви наслаги или талог во него, тој е безбеден за употреба.
4. Мед
Медот е добар додека не се потроши, без оглед на тоа што пишува на амбалажата.
5. Кафе
Отворивте вреќичка кафе и заборавивте на неа? Не се грижете. Кафето е добро за употреба од три до пет месеци после означениот рок на пакувањето. За кафето во зрна ова вреди и повеќе.
6. Масло
Маслото можете да го јадете и две седмици после истекувањето на рокот, но чувајте го во фрижидер. Може да стои и до девет месеци.
7. Зачини
Речиси сите зачини траат и до две години подолго отколку што пишува на амбалажата. Единствено е важно да ги чувате на суво и ладно место.