Не е сè така розево: Песната за изневерена жена навистина зборува за неа?
Познатиот брачен пар Бијонсе и Џеј Зи настапуваат заедно на нивната „On The Run“ турнеја, но изведбата на песната „Resentment“ предизвика гомемо влијание меѓу обожавателите на овој пар.
За време на изведбата на популарната песна, 32-годишната Бијонсе сменила еден многу важен стих. Во песната, која зборува за изневерена жена, Бијонсе инаку пее „со тебе сум веќе 6 години“, а овој пат тој стих го променила во „со тебе сум веќе 12 години“.
Кога познатата пејачка за прв пат ја снимила песната за албумот „B’day“ во 3006 година, Бијонсе и Џеј Зи биле во врска веќе четири години. Тогаш во едно интервју изјавила дека токму таа песна е една од оние на кои е најмногу горда.
Џеј Зи и Бијонсе прв пат се запознале за време на соработката на песната „Bonnie & Clyde“ во 2002 година, а во април 2008 година го кажаа „судбоносното да“. Заедно се веќе 12 години, па затоа не не чуди што обожавателите почнаа да се прашуваат дали овие стихови се навистина од нивната врска.