Иако пред бракот, холивудксиот актер Џорџ Клуни важеше за голем заводник, ниту една жена не влијаела на него како сегашната сопруга, Амал Клуни. Фотографиите се најдобар доказ дека љубовта менува се, па дури и стилот на еден маж.
Вака изгледаа во септември, минатата година, еден ден по венчавката.
На свадбената церемонија, забавите пред и по неа, Џорџ беше на висина на задачата. Беспрекорно облечената Амал имаше крај себе дотеран маж. Погледите на светските медиуми беа вперени во нив, а актерот помина без ниту една критика.
На свечените манифестации, како овогодинешното доделување на „Златен глобус“, Клуни повторно беше фантатсично облечен. Дири и со беџот „Сите ние сме Шарли“, го следеше ставот на својата сопруга, која истите зборови ги носеше на чантата „Шанел“.
Клуни неретко и без срам вели дека Амал е попаметна од него. Познатата адвокатка за човекови права има многу поддршка од својот сопруг, додека води значајни парници.
Клуни пред неколку дена во Њујорк изгледаше како вистински манекен. Амал беше во тренди жолт капут, а актерот со својот стил покажа дека е во чекор со најновата мода.
Клуни вака изгледа на аеродром.
Со оглед на тоа што Амал успеа и да изгради сосема посебен стил додека патува, а модните експерти го оценија со највисоки оценки, на Џорџ не му остана ништо друго освен да изгледа секогаш одлично покрај својата модерна и паметна сопруга.
Актерот, баш како и Амал , не си дозволува ниту една модна грешка. Облеката стана составен дел од неговиот имиџ. Внимателно ја избира како и улогите.
Да Клуни не беше секогаш љубител на модата, барем не во оваа мера, а тоа може да се заклучи ако се вратиме наназад кон фотографиите од пред неколку години. Некогаш на Клуни му беше најважно да носи добро одело. И ништо повеќе од тоа.
Сега е внимателен, па се чини дека се грижи Амал да не ја направи оваа фаца.