По речиси 9-годишна врска и 6 деца, Бред Пит и Анџелина Џоли конечно склучија брак.
Актеорот откри како се променил неговиот живот по свадбата.
Бред сподели во интервју за весникот „Билд” дека овој чекор го има направено исклучително среќен.
„Боже, мојот живот продолжува со полна брзина”, рече Пит и додаде дека се чувствува прекрасно.
Семејството е најважното нешто за актерот.
„Татко сум на 6 деца. Тоа ми е главната работа”, рече Пит, кој веќе има 50 години.
„Не би го менувал ниту еден ден од животот, за да бидам млад”, додаде Бред, кој очигледно е задоволен од постигнатото.
Ве потсетуваме дека Пит и Џоли се заљубија во 2005 година за време на снимањето на „Господин и госпоѓа Смит”, а сега повторно работат заедно на филмот “By The Sea”.