Научно докажано: Ова е песната која најбрзо „влегува во уво“! (ВИДЕО)

Иако овој бенд не постои повеќе, нивната песна „Wannabe“ и понатаму освојува!
Женскиот британски бенд Spajs Grls во 1996 година ја објави песната „Wanabee“ и со брзина на светлината ја освои публиката ширум светот! Бендот се распадна, но нивното наследство и понатаму живее.

Научници од Музејот за наука и индустрија од Манчестер спровеле студија за песните кои најбрзо ги запаметуваме, во тест во кој луѓето морале брзо да ја препознаат мелодијата на одредена песна.

Научниците на тој начин ја создале страницата „Hooked on Music“ на која побарале повеќе од 12 илјади луѓе да преслушаат 40 најпродавани песни од секоја деценија, почнувајќи од 1940 година. Луѓето најбрзо ја препознавале „Wannabe“ и им биле потребни само 2,29 секунди.

Меѓу првите пет песни се најде и хитот „Mambo No.5“.

Потоа „Eye of the Tiger“ од бендот Survivor…

…„Just Dance“ од Лејди Гага.

И „SOS“ од групата АББА.

- Реклама -