Животните навистина ги сакаат своите сопственици и другите животни со кои што се дружат, покажува неодамнешно истражување.
Имено, животните лачат исти хормон на среќа како и луѓето кои би оствариле однос со пријателите. Научниците велат дека биле шокирани од нивото на окситоцин што го лачат животните.
Пол Зак од Универзитетот Кларемонт во Калифорнија спровел повеќе експерименти за да им го измери на животните хормонот на среќа додека се дружат со други животни и луѓе.
Првиот експеримент се однесувал на осносите меѓу животните оа било измерено нивото на окситоцин кај козите. Кај кучето нивото се накачило за 48 проценти, а кај козите уште повеќе, што е многу и за луѓето. Лак луѓето овој пораст се случува само кога ќе ја видат саканата личност, како и кога некој ги привлекува или кон нив е исклучително добар.
„ Окситоцинот помага при поврзување, а очигледно домашните животни создаваат врска и чувствуваат љубов кон сите нас“, објаснува Зак за Дејли Мејл. Интересно е што само припитомените животни имаат таква реакција.
Во втор експеримент било измерено нивото на окситоцин на стотина луѓе, пред и по 15-минутна игра со животните. Нивото на хормоните се разликувало во зависност од тоа колку и кој човек имал миленичиња. Откриено е дека некои луѓе едноставно не се животнински типови и не реагираат на нив. Силна реакција кај најмногу луѓе предизвикало дружењето не со кучињата, туку со мачките.