Ново изненадување во астрономијата – астероид со прстени, беше откриен во нашиот Сончев систем. Небесното тело се наоѓа помеѓу планетите Сатурн и Уран. Откритието ги изненадило научниците, бидејќи досега се сметаше дека малите вселенски објекти не можат да имаат прстени.
Астероидот, наречен Чарикло, е со дијаметар 250 километри.
Двата прстени се со големина 7 и 3 километри, со тоа што се на растојание од 9 километри еден од друг.
Како се појавиле прстените, останува мистерија. Една од теориите е дека се формирале по судир со друго тело.
Според научниците многу е можно по многу години од прстените да се формира месечина. Ова откритие е петтиот објект во Сончевиот систем, за кој се знае дека има прстени, по Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун.