Високофрекфентна магнетна стимулација на мозокот им помага на страствените пушачи да се откажат од цигарите.Ова е резултат од истражувањето спроведено од израелскиот невролог Авраам Занген од Универзитетот Бен Гурион, прецизира британскиот весник „Гардијан”. Пушачите на возраст од 21 до 70 години, кои учествувале во истражувањето, пушеле по 20 цигари на ден. Пред тоа, тие се обиделе да се откажат од навиката на различни начини.
Сепак, по 3-неделно стимулирање на високофреквентни магнетни импулси речиси половина од учесниците во научното искуство ги фрлиле цигарите. Над една третина пак не се посегнале кон нив дури половина година, што е потврдено од специјалните анализи на крвта и урината.
Според научниците магнетна стимулација го имитира дејството на никотинот врз центрите на наградувања во главниот мозок. Истражувањето води до претпоставката дека таквата постапка може да стане ефикасна алтернатива за оние кои сакаат да се откажат од штетната и често разурнувачка навика.
Овој метод не може целосно да ја замени психотерапијата, сметаат научниците. Кон почетокот на идната година е планирано масовно истражување на новиот метод, во кој ќе учествуваат 15 медицински центри од целиот свет.