Холивудската актерка Натали Портман се појави на црвениот килим на париската премиера на „Thor: The Dark World“ со нејзиниот сопруг Бенџамин Милпејд.
32-годишната актерка ја покажа новата потшишана фризура, која одлично и стои. Се одлучила за фустан со А крој со есенски мотиви и златни сандали.