Наставник ја носи истата облека во алманах 40 години

После 40 години работа наставникот по физичко Дејл Ирби заминал во пензија, а зад себе ја оставил колекцијата на фотографии од училишните алманаси на кое единствена разлика претставуваат брчките на неговото лице. Имено, овој професор бил препознатлив по тоа што секоја година кога ќе дошло време да се фотографираат за годишниот алманах, тој ја облекувал истата кошула и истиот џемпер, најпрвин случајно, но подоцна заради традицијата која сам си ја наметнал.

Се започнало кога тој без да забележи, два пати по ред, во 1973 и 1974-та година, сосема случано се облекол исто, за што навистина се чуствувал засрамено кога забележал. Наредната година неговата сопруга Кети, која е исто така наставничка, го предизвикала да се облече исто и по трет пат за училиштето во Тексас, а Ирби сериозно го прифатил предизвикот. Така, настанала традицијата, а пензионираниот наставник гордо вели дека и денес, после 40 години, се уште го собира во кошулата и џемперот, но дека треба само малку да го вовлече стомакот.

Директорот на училиштето тврди дека Ирби бил одличен пример кој учениците ги научил на почит, а училишната спортска сала сега го носи неговото име. Погледнете како изгледал тој на училишните фотографии од 1973 до 2012 година.

techer-wears-same-yearbook-photo-outfit-for-40-years-5

- Реклама -