Денот на Свети Патрик се слави и во Холивуд, а познатите мајки со своите деца го прославуваат овој весел празник.
Познатата пејачка Ферги има ирски корени (но и шкотски, англиски, мексикански и индијански), не е воопшто чудно што го слави Св. Патрик.
Заедно со својот сопруг Џош Дучамел биле на ирска забава, додека синот Аксел го облекле во зелен костум со голем шешир на главата- Малиот без сомневање е нивниот омилен елф.
Холивудското семејство биле во усогласена облека и зелената беше неизбежна. Ферги има и повеќе причини за славење бидејќи се шпекулира дека би можела да биде новиот член на жирито во американската популарна емисија X Factor, а со растење на семејството и одговорностите во својата кариера, познатата пејачка наскоро ќе се приклучи на светот на вработените мајки.