Наскоро колекција на високи потпетици – Мерилин Монро

Сите девојки кои го обожаваат пин-ап стилот ќе се развеселат од фактот што наскоро ќе можат да си купат обувки направени според омилените модели на славната Мерилин Монро.

„Authentic Brand Group“ кои имаат право на личните предмети на легендарната Мерлинка, одлучија да направат договор со брендот „Will Rich Shoes“ со кои ќе направат колекција со високи потпетици во чест на русокосата секс бомба.

428603557516437bd301ce767381635_w640

Колекцијата би требало да се најде на пазарот кон крајот на оваа година, а ќе се состои од сандали, салонки и чизми инспирирани од личните чевли на славната актерка.

Цените ќе варираат од 39 до 79 долари, а наводно ќе можат да се купуваат и преку интернет така што обожавателките од целиот свет ќе можат да имаат свои „Мерилински“ обувки.

„Дајте и на девојка вистински потпетици, и таа ќе го освои светот“, говорела познатата убавица која кај нејзиниот чевлар секогаш ја скратувала петата на левата штикла за да би се лулала заносно при одењето.

- Реклама -